Сведоштво на семејството на 22-годишникот кој почина од корона: Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород

Од:

Семејството на 22-годишното момче од Битола кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство Венко Филипче и медиумите. Во него наведува дека починатиот се жалел од односот на персоналот кој го третирал во Општата болница-Битола, и истиот го опишал како нехуман. Семејството тврди дека секојдневно, по позитивниот тест на коронавирус, починатиот го носеле на прегледи, каде му била препишувана терапија од докторите. Истото пред десетина дена го потврди и Министерството за здравство. Но, дури третиот ден од прегледите, кога состојбата му била значително влошена, бил хоспитализиран.

„Мојот брат на 09.10.2021 е константирано дека боледува од КОВИД-19. Резутатот е добиен во 19 часот. Веднаш е почнато лекување со антибиотик Панцеф и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му беше 39.2°C. Брат ми не беше вакциниран против КОВИД-19. Со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа. Наредниот ден 10.10.2021 однесен е на инфективна клиника Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк синуси, срце ртг на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri 438, CRP 85,5 Fe 2,7. Даден совет за таблети Кардиопирин од 100мг, Панцеф 400мг едно дневно, Фамосан 40мг, цинк, Ц витамин и Д витамин. На 11.10.2021г повторна е однесен во клиничка болница Битола. Извршен е преглед и константирана е температура од 39.3°C, сатурација 97, тахикардија 139 и крвен притисок 120/70. Константирано е васкуларно дишење. Cor-bo. Дадено Sol NaCl 0.9% 250мл + ампула аналгин/ив. Вратен е дома со темпетура од 38°C, отежнато дишење и кашлица“, опишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот.

Веќе третиот ден од домашното лекување, со висока температура и кашлица, 22-годишниот битолчанец е повторно однесен во битолската болница. Тогаш е ставен на кислородна поддршка и дадени му се инфузии со додатоци, за кои семејството вели дека не знаат што се третирало со нив. Откако е хоспитализиран, тие барале машината за кислород да биде надополнета со вода, бидејќи како што тврдат, во неа немало. Барале информации за неговата состојба од персоналот, но не добивале.

„Во наредните 24 часа е под постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана, и е третиран со крвна плаза од донор со прележан ковид. Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортико стероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да може да ја поминe ноќта. Во собите на пациентите оставени се овие броеви за помош од медицинските сестри 047/243-350, 047/243-445 кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму. А дадениот број од дежурниот лекар 071-213-415 е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло се влошува, и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа“, додава братот на почиантиот.

Министерството за здравство веќе кажа дека починатиот имал коморбидитет, потенцирајќи дека тоа е обезноста односно дебелината. Од семејството велат дека тој се занимавал со бодибилдинг. Ним, не им е јасно ниту кои доктори го прегледувале првите денови откако добива позитивен наод на коронавирус, а не го хоспитализирале веднаш за да добие болнички третман.

„Мојот брат навистина имаше 125кг, 180цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во Битолската болница, бидејќи не примаа доктори а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести кои никаде и никогаш не ги видовме. Господине министер Венко Филипче ја ценам вашата стручност, знаење ама со вакво здравство ќе ни требаат уште стотина години за да го достигнеме минимумот на Европското ниво. За горенапишаното располагаме со документација која можеме да ја дадеме на увид за тој што ќе покажи интерес за случајот. Напоменувам дека за време на хоспитализацијата мојот брат три дена нонстоп беше под маска и контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот.

Со почит, од вечно ужалостеното семејство на 22 годишното братче кое ќе живее во нашите срца, додека ние постоиме“, пишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот.

Младиот пациент почина пред 10 дена. Во првите денови, докторите му посочиле дека нема знаци на пневмонија, велеше Министерството за здравство поради што бил испратен на домашно лекување. Веќе наредниот ден, бил со драстично влошена состојба по што бил хоспитализиран. И покрај терапијата, медицинарите не успеаја да го спасат.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски