Низ десетте скопски општини советници имаат освоено вкупно десет политички партии и две независни кандидатски листи. СДСМ има советници во девет општини, ВМРО-ДПМНЕ и Левица во осум, ДУИ во пет, АА/А во четири, ЛДП/ДОМ, БЕСА и независни кандидатиски листи во две, додека ГРОМ, Сојуз на Ромите и РОМ во по една општина, покажуваат резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија за Локалните избори 2021.
Во Советот на Општина Аеродром советнички места имаат добиено три политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 14 , СДСМ – 8 и Левица – 5 советници.
Во Советот на Општина Бутел советнички места имаат пет политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 4, ДУИ – 3, АА/А – 1, Левица – 1 советничко место.
Во Советот на Општина Гази Баба советници имаат четири политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 16, СДСМ – 7, Левица – 3, и ДУИ -1 советник.
Во Советот на Општина Ѓорче Петров советници имаат три политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 12, СДСМ – 8 и Левица – 3 советнички места.
Во Советот на Општина Карпош советници имаат четири партии и една независна кандидатска листа, и тоа СДСМ – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 7, Левица – 4, ГРОМ – 2 и Група избирачи – Невена Георгиевска – 2 советници.
Во Советот на Општина Кисела Вода советници имаат четири политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 12, СДСМ – 7, Левица – 3 и ЛДП/ДОМ – 1 советничко место.
Во Советот на Општина Сарај советници имаат три политички партии, и тоа ДУИ – 14, АА/А – 4 и БЕСА – 1 советник.
Во Советот на Општина Центар советници имаат три политички парти и една независна кандидатска листа, и тоа СДСМ – 9, ВМРО-ДПМНЕ – 8, Левица – 3 и ГИ – „Шанса за Центар” – 3 советнички места.
Во Советот на Општина Чаир советници имаат пет политички партии, и тоа ДУИ – 14, АА/А – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 3, СДСМ – 1 и БЕСА – 1 советник.
Во Советот на Општина Шуто Оризари советници имаат седум политички партии, и тоа ЛДП/ДОМ – 4, ДУИ – 4, СДСМ – 4, АА/А – 2, Левица – 2, Сојуз на Ромите – 2 и РОМ-РОМЕСКЕ – 1 советничко место.