Продолжуваат антивладините протести во Бугарија

Од:

Стотици демонстранти и вечерва се собираат пред зградата на Министерскиот совет во Софија, на 32-от ден на протести против Кабинетот на бугарскиот премиер Пламен Орешарски, јави БТА.

Протестите почнаа на 14 јуни по изборот на Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), чие именување подоцна беше поништено од Собранието, по што прераснаа во собири со барање за оставка на Владата.

Освен плакати со повици за оставка на владиниот Кабинет, на вечерашните протести демонстрантите извикуваат и „Граѓаните во власта, веднаш“.

Од друга страна, околу сто лица повтроно се собраа и вечерва на контра-протести во поддршка на Владата. Тие соопштија дека досега собрале 165.000 потписи во поддршка на Кабинетот на Пламен Орешарски и одново го обвинија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев дека „создава поделби меѓу луѓето“.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?