Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација

Од:

Украинската национална хероина Надја Савченко, која некогаш беше приведена во Русија, е фатена со лажна потврда за вакцинација против коронавирус во нејзината земја и и се заканува затворска казна.

– Савченко (40) е фатена во Киев со лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.

Во земјата долетала од Турција со нејзината сестра и сега се соочува со две години затвор.

Савченко беше приведена во 2014 година во борбата против проруските бунтовници во источна Украина и предадена на Русија.

Таму поранешниот професионален војник и пратеничка беше осудена на 22 години затвор, но во 2016 година беше разменета и вратена во Украина.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам