ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов во нервоза поради поразот почна да измислува и самопоканува во емисии кои никогаш не биле предвидени за дебата

Од:

„Петре Шилегов во својата нервоза поради поразот и патетичност започна да измислува и се самопоканува во емисии кои никогаш не биле предвидени за дебата. Емисијата каде што Шилегов учествуваше се вика „Само интервју“ и тоа покажува дека не станува збор за дебата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја разбираме желбата и матрицата на Шилегов да има дебата во која тој ќе ги навредува своите соговорници, бидејќи тој ниту еднаш не се огради ниту се извини поради сексистичките напади на перјаниците на СДСМ кон Данела Арсовска, но за нас многу поважно што ја разбираме потребата на скопјани да се говори за проекти и решенија на нивните проблеми.

Единствено граѓаните на Скопје нам ни се важни.

Петре Шилегов може да продолжи да се дави во својата ароганција и самобендисаност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски