И поранешната фудбалска ѕвезда се впушти во шпекулации околу името на кралската принова, односно Вилијам и Кејт ги советуваше какво име да му дадат на бебето.
Неизвесноста на Островот расте и се очекува раѓањето на кралското бебе. Така ни Дејвид Бекам не одолеа да искоментира за очекуваното породување на Кејт Мидлтоун. Тој на војводата и војвотката од Кембриџ им ја понуди целата своја поддршка.
– Вилијам и Кејт ќе бидат сјајни родители и тоа затоа што се прекрасни кон децата, убеден е Бекам.
– Вилијам од младо момче израсна во неверојатен џентламен, а тоа е одлична карактеристика за татко, смета Бекам.
– Дејвид е особено добро име. Секако, доколку се роди момче, се пошегува Бекам.