Стоилковски: Шилегов не мисли на Скопје, туку на јадење и пиење на буџетски трошок

Од:

„Два дена пред изборите, Петре Шилегов склучува договор за кафеана! На 15.10 склучен, односно на два дена пред избори, склучен е договор со 3 фирми – во вредност од 32.000 евра! Договор во директна спогодба за, во слободен речник, за кафеански услуги! 32.000 евра и тоа само за една година“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Компаниите, познати скопски локали нема да ги споменувам, но ќе ги споменувам делови од договорот:

· Рамковниот договор е на еден милион и 700 илјади денари, со ДДВ – 2 милиони денари за кафеана за една година;

· Договорот започнува од 21.10, односно се реализира од вчера;

· Измени на оваа рамковна спогодба, односно поголема или пониска вредност може да се оди и до 20% од договорот, односно на овие 32.000 евра планирани за Петре Шилегов да ги потроши во кафеаните низ Скопје, да се додадат уште 3.200 евра доколку оваа година му се погоди на Петре Шилегов;

· А, тука би додал дека фирмите – кафеаните се обврзале на 10 односно нудат од 10 до 15% попуст на менијата односно на услугите на јадењата и пијачките;

Додека сите очекуваат одговори за неразумното богатење на Петре Шилегов, додека сите размислуваа и очекуваа одговори за луксузите на Шилегов, за дивоградбата во Карпош, за вилата на Маврово, за скапите џипови и коли кои што ги нема пријавено во Антикорупциска, тој размислувал за нов договор за кафеана!

Не, почитувани, ова не е црна кампања, ова е соочување со фактите за Петре Шилегов среде кампања за избор на градоначалник за град Скопје, кога он потпишува договор од 32.000 евра кафеански услуги!

Петре Шилегов не размислува на градот, туку Петре Шилегов веројатно размислува како да направи уште половина милион евра во следниот мандат, да доизгради уште некоја вила и тоа да го прослави со здравици по кафеани, се тоа на буџетски трошок, се тоа од ваш џеб.

Ниеден инспектор досега, ниту институција не оди да ги провери наводите со кои што излегувавме секој ден. Затоа Петре смета дека може да размислува само на кафеана!

Шилегов не мисли на Скопје, туку на јадење и пиење на буџетски трошок. Уште еднаш, нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС