ВМРО-ДПМНЕ: Како градоначалник Шилегов доградил два ката дивоградба во Тафталиџе, купи хациенда во Маврово и две возила Ауди

Од:

„Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје енормно си го зголемил својот имот, за што нема основ. Шилегов пријавил дека купил хациенда во Маврово од 300 м2 за која навел дека вреди 50.000 евра, а градба на станбен квадрат е околу 400 евра, со што се поставува прашањето дали нешто сокрил Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој купил и две возила Ауди кои ги нема во неговиот анкетен лист, за кои исто така треба да и кажена јавноста како ги стекнал.

Шилегов треба да им објасни на Скопјани и како гради два ката дивоградба на зградата во Тафталиџе, но и да ги покаже уплатниците си кои тој ги платил фирмите ангажирани за работа, но и законски основ за тие пари.

Шилегов во својот анкетен лист пријавил и:

Стан од 68 квадрати во Скопје;

• Втор стан од 64 квадрати исто така во Скопје;

• Трет стан од 72 квадрати исто во Скопје;

• Четврт стан од 87 метри квадратни исто така во Скопје;

• Една куќа во Тафталиџе од 306 квадратни метри во која што деновиве гледаме дека се прави и лифт

• Втора куќа во Маврово од околу 300 квадрати;

• 8 милиони денари златен накит;

• 3 милиони денари уметнички слики;

• Хартии од вредности.

Шилегов треба да каже како својот имот го зголемил за луксузна хациенда во Маврово од 300 м2, два ката изградени дивоградба на зградата во Тафталиџе и 2 возила Ауди. А ако Шилегов молчи институциите да одговорат и да отворат постапки“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски