Бајден: САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне

Од:

САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне, изјави американскиот претседател Џо Бајден. На прашањето дали САД имаат обврска да го бранат Тајван, Бајден рече дека САД ќе му помогнат на Тајван, кој се пожали на зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет.

Бајден рече дека луѓето не треба да се сомневаат во воената моќ на Вашингтон, бидејќи „Кина, Русија и сите други во светот знаат дека ја имаме најмоќната армија во човечката историја“.

„Не сакам Студена војна со Кина. Само сакам Кина да знае дека нема да отстапиме и да ги промениме нашите ставови“, рече тој.

Воените тензии меѓу Тајван и Кина достигнаа врв во последните 40 години, рече тајванскиот министер за одбрана овој месец, нагласувајќи дека Кина е способна да организира целосна инвазија на Тајван до 2025 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија