Нигериските власти запленија речиси половина милион таблети амфетамин скриени во машини кои пристигнале во пристаништето во Лагос, изјави денеска претседателот на Националната агенција за спроведување на законот за наркотици, Мохамед Марва.
Тој истакна пред новинарите дека во септември во пристаништето Апапа се запленети 451.807 таблети.
– Се претпоставува дека пристигнале од Либан, нагласи Марва.
Според него, уапсено е едно од лицата кои учествувале во увозот е уапсено, кое им помага да бидат пронајдени сите кои се вмешани.
Проценето е дека вредноста на таблетите изнесува 11 милиони долари.