Русија ја идентификуваше новата варијанта на коронавирусот, која е позаразна од Делта

Од:

Русија пријави случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е позаразна од Делта поради рекордното зголемување на бројот на заразени и починати. Тоа ги принуди московските власти повторно да воведат порестриктивни санитарни мерки, пренесува Радио Слободна Европа.

Можно е варијантата AY.4.2 да биде широко проширена, изјави денеска Камил Кафизов, истражувач во рускиот здравствен супервизор Роспотребнадзор.

Тој додаде дека новата варијанта може да поттикне пораст на стапката на нови случаи на Ковид-19, а на крајот може дури и да го замени Делта сојот, иако, како што изјави, процесот најверојатно ќе биде бавен.

Русија има најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа, а во светот е четврта.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија