Шпанија, Португалија и Швајцарија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското првенство (ЕП) во ракомет во машка конкуренција во 2028 година, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Трите земји ги споија во едно кандидатурите, откако претходно Шпанија и Португалија излегоа со заедничка кандидатура, додека Швајцарија поднесе кандидатура за ЕП 2026 и ЕП 2028.
Прифаќајќи ја заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија за ЕП 2028, Швајцарија ги повлече своите кандидатури за завршните турнири во 2026 и 2028.
Трите земји во заедничката кандидатура, меѓу друго, како место за одигрување на завршните натпревари на првенството го наведао стадионот на фудбалскиот гигант Реал, „Сантијаго Бернабеу“.
Одлуката за организација на ЕП2028 ќе биде донесена на 20 ноември во Виена.