Првутот говори многу за човековото здравје

Од:

Иако првутот обично се сфаќа како мала непријатност и само козметички проблем, имајќи ги предвид различните можни причини, тоа може да ви даде увид во целокупното Ваше здравје.

Дерматологот од Унгарија, д-р Ева Мелег идентификува различни видови првут и нивното значење. Следуваат неколку стручни мислења и објаснувања.

Големи парчиња – како восок може да претставуваат габична инфекција на скалпот. Честа причина за првут се габичките кои се хранат со нашата кожа и коса. Тоа произведува олеинска киселина којашто може да ја иритира самата кожа. Кај некои луѓе, ова причинува имунолошки одговор што може да доведе до брза регенерација на клетките на кожата, предизвикувајќи габичен првут. Почесто се јавува кај оние со мрсна коса.

Шампоните против првут обично содржат пиритион-цинк – најчестата анти-габична состојка. Меѓутоа, прекумерната употреба на шампон против првут може да доведе до сушење и чувствителност на скалпот, затоа нивната употреба треба да биде умерена.

Мали, суви бели лушпички, проследени со чешање и напнатост на скалпот, а коешто често се влошува веднаш по миењето на косата, може да бидат предизвикани од алергија. Истражувањата покажуваат дека околу 10 отсто од луѓето страдаат од алергии на вообичаена состојка во повеќето стандардни шампони, наречена МИТТ (метилисотијазолинон). Покрај тоа, алергиите поврзани и со други средства во шампоните, исто така, треба да се земаат предвид.

Д-р Мелег предлага третмани за скалпот без хемикалии и репарации за да се намали иритацијата, користејќи пребиотични состојки.

Малите, суви и бели лушпи без чешање – ова може да бидат изгореници на скалпот. Додека се нанесува крема за сончање на телото, малкумина сфаќаат колку скалпот е изложен и чувствителен на ултравиолетовото зрачење. Изгорениците на скалпот се многу чести, особено ако се работи за ретка коса, па дури и жешката вода под туш може малку да го изгори скалпот.

Решението се хидратантни шампони без парфеми и серуми. Држете се до млак туш и носете капа додека се сончате, сѐ додека состојбата не се подобри.

Жолти лушпи и воспален скалп… Себореичниот дерматитис е воспалителна состојба на кожата предизвикана од оштетување на заштитната нејзина функција, губењето на влажноста, а потоа обично се јавува и секундарна бактериска инфекција.

Дамките од егзема најверојатно ќе се појават и на други делови од телото, иако понекогаш може да се појават само на скалпот. Препишаното благо кортикостероидно миење на скалпот може да го смири воспалението, иако кортикостероидите не се соодветни за долгорочна употреба.

Мали, бели лушпи и губење на косата можеби е признак за недостатокот на железо, бакар и цинк, како и на есенцијални масни киселини, често како резултат на нискокалорични диети за слабеење. Тоа може да предизвика лупење на скалпот и губење на косата. Обидете се да земате додатоци на витамин Б12, биотин, цинк и омега масни киселини или обичен мулти-пептиден серум за густина на косата.

Големите, сребрени лушпи со сиви и црвените дамки на скалпот може да укажуваат на псоријаза на скалпот. Скалпот е едно од најчестите места каде што псоријазата првпат се појавува и често се меша со нормален првут. Шампоните со катран од јаглен обично се препишуваат за лекување на псоријазата.

Мрсни, мали, жолти лушпи и дамки на скалпот може да бидат предупредувачки знак за фоликулитис. Акните на скалпот се појавуваат кога фоликулите на косата се блокирани од маснотии и мртви клетки на кожата или бактерии, а потоа стануваат воспалени и инфицирани.

И хормоналните промени како пубертетот, бременоста и менструацијата може да бидат поттик за појава на акни на скалпот. Покрај тоа, лепливи производи за коса што ги затнуваат порите како гелови и спрејови за коса, може да го влошат проблемот.

Медицински шампони на рецепт, кои обично содржат салицилна и / или гликолна киселина, може да помогнат во справувањето со проблемот. Шампони или тоници за скалпот кои содржат масло од чајно дрво или вода од бреза, исто така, може да помогнат како превентивна мерка за секојдневна употреба.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска