Макрадули: Јанакиевски и Тодоровиќ да понесат одговорност за потпорниот ѕид

Од:

Јавноста со денови е сведок на препукувањата помеѓу Министерството за транспорт и врски, Општината Центар и инвеститорите во врска со попуштањето на потпорниот sид со кое е загрозено домувањето на стотици граѓани. Ова на прес конференција го кажа Јани Макрадули од СДСМ.

„Процедурите се јасни, урбанизацијата ја предвидува општината, согласност за секој конкретен детален урбанистички план дава министерот за транспорт и врски.

Надзор на спроведување на законот за градење има министерството за транспорт и врски.

Тоа значи дека функционерите на ВМРО ДПМНЕ не може да ја избегнат одговорноста за огромната штета што им ја нанесоа на жителите во овие згради.

Не може ничиј профит да биде поважен од безбедноста и имотот на граѓаните.

Затоа, министерот Миле Јанакиевски и градоначалникот Владимир Тодоровиќ наместо да се обидуваат да се амнестираат од одговорноста треба да објаснат:

Ако причината за попуштањето на потпорниот sид е несовесна градба, што друго е на ваков ист начин несовесно и недговорно изградено?

Кој со име и презиме ќе понесе одговорност за ова урбанистичко злодело?

Што треба уште да се случи за да власта престане по секоја цена да ја задоволува алчноста на својата бизнис олигархија?

Зошто во секоја градежна афера во изминативе шест години се јавуваат истите бизнис миленичиња на “фамилијата“, кој градат од плоштадот до Водно“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски