ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да си поднесе оставка од Влада и од СДСМ, 3 пати добива порака од народот и 3 пати продолжува со лажење и крадење

Од:

„Заев треба да си поднесе оставка од Влада и од СДСМ, 3 пати добива порака од народот и 3 пати продолжува со лажење и крадење. Заев 3 пати ветува промени и се колне дека разбрал, и 3 пати упорно продолжува да краде и лаже“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев е исплашен од поразот кој го доживеа и знае дека уште еден таков пораз го очекува на 31 октомври. Заев е исплашен затоа што се плаши од пад на владата и воспоставување на правен систем во државата, а со тоа ќе дојде и со одговорност за неговите криминали.

Заев доби метла, па глумеше дека ќе чистел во партијата и владата, потоа се колнеше дека ќе се реформира, за на крај сега во очај да вели дека разбрал што сака народот да му каже.

Народот сакаше да му каже но тој не го слушаше кога со Филипче сакаа да земат провизии од кинеските вакцини.

Народот гласно викаше, ама на Заев не му се слушаше кога Вице рекетираше фирми кои работат во РЕК и мистериозно името му исчезнуваше од кривичните пријави.

Заев не го слушна народот кога Рашковски беше фатен инфлагранти како мести тендери, а тој упорно го бранеше дека не е виновен.

Заев ме ги слушна скопјани кога викаа дека Шилегов е криминален, дека гради зграда дивоградба, и хациенда на Маврово.

Заев не сакаше да го слушне народот ниту кога 14 луѓе живи изгореа и цела држава бараше оставка од Филипче.

Народот се умори од викање по Заев, но тој не го слушна ниту еднаш, нема ни сега, затоа е завршено со Заев. Народот сака промени. И тоа веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот