МВР: Запленета дрога во вредност од околу 200.000 евра, пресечен меѓународен транспорт од Албанија за Грција

Од:

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп вчера е пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Албанија преку Македонија со крајна дестинација за Грција, во вредност од околу 200.000 евра, известува Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, на патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција било запрено патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот М.Ј. од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми.

М.Ј. е лишен од слобода, за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он