Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите, да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“. Заев рече дека може понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.
„Во овие моменти навистина значи јасно и јавно кажаната определба да бидеме обединета за обезбедувањето на подобра иднина на нашиот народ. Се разобличија лажните наводи за ново мнозинство. Имаме владина коалиција која е стабилна. Продолжуваме да работиме посветено за граѓаните. Пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија казна, критика. Тој глас го слушаме, разбираме и уважуваме. Свесни сме дека јас и партијата, дека нема толеранција за повторување на грешките. СДСМ учи, се менува и ги поправа грешките за брз напредок на државата. Ова е демократска, отворена и приземјена опција која се корегира и менува по критика“
Тој побара сплотување и обединување на сите сили, во име на се што е постигнато досега. Пораката на Заев за обединување за да не се врати земјата, како што рече, во криза и неизвесност.
„СДСМ е влезена во процес на редефинирање и унапредување за комуникација со граѓаните. Преземаме чекори за побрзо разбирање на граѓаните. СДСМ станува подостапна за народот. Оваа опомена ќе се рефлектира и на работата на општинските институции. Ние нема што друго да кажеме, освен благодариме, примено. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде граѓаните. Првата порака е до партиските граѓани, ние добивме жолт картон од граѓаните. Колку ќе ги послушаме граѓаните, од тоа зависи дали ќе добиеме црвен“, рече Заев.
Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ, бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, Шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.
„Нема напредок ако Скопје продолжи надвор. 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми, туку избор за тоа каде оди државата. Може да иде државата напред ако државата има нови галии, врби и нов кичерај? Може државата напред ако Скопје оди напред. Да се обединиме и гласаме, за власт која обединува и влече напред“, додаде тој.