Осумдесетитригодишна делчевка пронајдена мртва

Од:

Осумдесетитригодишна делчевка е пронајдена мртва, откако пред два дена била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот 53-годишен син. Делчевката (С.А.), како што информираат од делчевската полиција била пронајдена почината во атарот на селото Чифлик.

-Исчезната С.А. (83) од страна на нејзиниот син Т.А (53) е пронајдена почината во попладневните часови на 19.10.2021 кај месноста „Влашка Трла” во атарот на село Чифлик. Осумдесет и тригодишната делчевка за исчезната беше пријавена на 18.10.2021 во 16:00 часот, информираат од полицијата во Делчево.

Смртта кај починатата е констатирана од лекар на Итната медицинска помош во Делчево, додека увид по наредба на Јавен обвинител извршила увидна екипа на ОВР Делчево

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски