Последни подготовки за Фестивалот на пивото во Прилеп

Од:

Прилеп, градот-домаќин на традиционалната манифестација Фестивал на пивото – 2013, која ќе се случи по 11-ти пат, веќе е подготвен за пречек на гостите и  на туристите.

Овогодишното  издание на Фестивалот, кое ќе се одржи од 18 до 21 јули,според прогнозите на организаторите се очекува да ги сруши сите досегашни рекордите поставувани во изминатите 10 години, како во количините испиено пиво, така и во изедената скара, а секако, најмногу во посетеноста.

За посетителите што нема да најдат место за спиење, ќе се организира камп на Могилата. Се очекува железницата и превозничките претпријатија десетпати да ги засилат линиите со превозни средства што водат кон Прилеп.

Годинава штандовите ќе бидат поставени на вкупна површина  од 4.402 м2, од кои на 170 м2 ќе се промовираат учесниците, односно пиварниците и угостителските објекти.

Бината ќе биде поставена на истиот простор како и лани, и таа ќе биде со димензии 16 на 10 метри.

На годинешниот „Пивофест“ се очекува да учествуваат десетина реномирани пиварници, како од земјава така и надвор од неа, меѓу кои некои и за првпат.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски