Голикова: Руската Влада планира да воведе неработни денови за да го забави ширењето на Ковид-19

Од:

Руската вицепремиерка Татјана Голикова ја повика владата од 30 октомври до 7 ноември да воведе неработни денови за да го спречи натамошниот рекорден раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 и смртните случаи.

Русија денеска има 1,015 смртни случаи како последица на Ковид-19, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа, во неа се регистрирани и 33.740 нови случаи на инфекцијата.

-Регионот крај Москва остана без болнички кревети за пациентите со Ковид-19, изјави денеска гувернерот.

Кремљ со недели наназад им порачува на жителите на Москва и цела Русија поактивно да се вклучат во кампањата на вакцинирање, бидејќи само 32 проценти од руското население е вакцинирано, а руските власти неодамна рекоа дека тоа е „неприфатливо“.

-Постои традиција да се обвинува државата за се. Се разбира, државата го чувствува и го призна својот дел од одговорноста, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, признавајќи, сепак, дека можело да се стори повеќе за на јавноста да и се објасни важноста на вакцинацијата.

„Но, сега ни треба одговорен однос на сите наши граѓани“, потенцираше Песков.

-Сите ние мора да покажеме одговорност и да се вакцинираме, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски