Неважечки 60.773 гласачки ливчиња во првиот изборен круг

Од:

Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас.

Според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу неважечки ливчиња кај општините има во Битола – 2.659, по што следат Куманово со 2.076 и Гази Баба со 2.020. Најмалку неважечки ливчиња само 48 има во Општина Пласница по што следат Ранковце со 57 и Центар Жупа со 62 неважечки ливчиња.

На првиот круг од локалните избори вкупно гласале 848.104 гласачи или 48,99 отсто од вкупно запишаните 1.824.864 гласачи во Единствениот избирачки список.

На првиот круг од локалните избори во 2017 година имаше 44.481 неважечко ливче, а на изборите во 2013 година 38.787 неважечки ливчиња.

На парламентарните избори што се одржаа во 2020 година, пак,имаше 31.564 неважечки ливчиња.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска