Над 40 австралиски полицајци одбија вакцинација, суспендирани се и им се заканува отказ

Од:

Во австралиската држава Викторија, повеќе од 40 припадници на полицијата се суспендирани бидејќи одбиле да се вакцинираат против Ковид-19, поради што им се заканува можност за отпуштање од работа.

Имено, во таа земја е воведена задолжителна вакцинација за многу државни и приватни дејности. Само оние вработени кои не можат да се имунизираат поради здравствени проблеми се изземени од оваа одредба, пишува Гардијан.

Полициската управа на Викторија денеска потврди дека 34 полицајци и девет чувари не го испочитувале налогот за вакцинација издаден од надлежните органи. Тие се суспендирани и им се заканува последователна дисциплинска мерка, односно можат да добијат отказ.

Во Викторија денеска се потврдени 1.903 нови случаи на коронавирус, а уште седум лица починаа како последица на инфекција со Ковид-19. Речиси 90 отсто од населението во оваа држава на возраст над 16 години примиле прва доза на вакцината.

Шестото по ред заклучување во пошироката област на Мелбурн завршува в четврток на полноќ. Одлуката за укинување на „локдаунот“ е донесена бидејќи 70 отсто од граѓаните се целосно вакцинирани.

Од петок, на домаќинствата ќе им биде дозволено собирање до 10 лица, полицискиот час ќе се укине и нема да има ограничувања за движење во градското подрачје. Ќе се отворат и кафулиња и ресторани, со дозвола до 20 вакцинирани гости да останат во затворените делови на угостителските објекти.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он