Вооружен напад на пазар во Нигерија, најмалку 30 загинати

Од:

Вооружени напаѓачи убиле најмалку 30 луѓе во напад во сојузната држава Сокото во северна Нигерија, соопшти денеска кабинетот на гувернерот.

„Нападот започна во неделата на пазарот во Гороњ и продолжи денеска наутро“, се вели во соопштението од канцеларијата на Амин Вазири Тамбувал, гувернер на провинцијата Сокото.

Според очевидци, напаѓачите првично успеале да ја неутрализираат полицијата која се обидела да интервенира.

Низ северозападна Нигерија, вооружени терористи убиле или киднапирале голем број луѓе во текот на минатата година за откуп, а земјата е во безбедносна криза што владата се обидува да ја реши со нарушување на комуникациите, воени операции и зголемено полициско присуство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он