Четвртиот ден од „Охридско лето“ резервиран за настапот на рускиот виолинист Сергеј Малов, познат како еден од подобрите виолинисти од помладата генерација.
Најавувајќи го вечерашниот настап на Малов, селекторката на музичката програма на фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска истакна дека она што го прави Малов посебен, единствен и незаменлив, е тоа што тој во исто време, и тоа подеднакво добро, музицира на три инструменти, виолина, виола и „виолонцелло да спалла“.
За концертот на „Охридско Лето“, Малов понуди неколку различни и многу интересни програми, но секако изборот за неговиот настап во Охрид е токму изведбата на делата на Бах и Барток, каде што за прв пат на фестивалот (а и ретка можност во светски рамки) посетителите ќе имаат ексклузивна можност да слушнат изведби на две чело суити од Бах на инструментот „Виолонцелло да спалла“.
Малов веќе одамна се потврди како врвен изведувач на овој многу редок инструмент затоа современите композитори Гион Конесон и Кристоф Еренфелнер му го посветиле на Малов солистичкиот воен концерт за виолина и виола „Хоммаге а Ст. Петерсбург“. Инструментот „виолонцелло да спала“, на кој што свири Малов, е специјално направен за него од Дмитри Баџаров во 2004 година.
Малов има освојувано престижни меѓународни награди (Нов Зеланд, Салцбург, Вилниус, Токио…)настапувано со светски познати музичари, изведувачи и со водечки оркестри како Филхармонија Москва, Сант Петерсбург, Салцбург итн… Концертот на Малов ќе се одржи вечерва во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот термин од 21 часот.