Во дел од изборните едниници претставниците на избирачките одбори и натаму чекаат да го предадат избирачкиот материјал од првиот круг на Локалните избори 2021.
Во општина Аеродром, утрово уште се чекаше пред објектот во кој се наоѓа општинската изборна комисија.
Во Општина Аеродром според последните резултати од Државната изборна комисија по 60 проценти пребројани гласови во водство е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцнски кој има 56,67 проценти, кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски има 25,31 проценти.