(ВИДЕО) Пецакоски од ВМРО-ДПМНЕ слави во Охрид: Времето ќе покаже дали ќе завршиме уште вечерва или можеби за две недели

Од:

ВМРО-ДПМНЕ слави во Охрид со патриотски песни на градскиот плоштад. Ова доаѓа по информациите од аналитичкиот штаб на партијата дека нивниот кандидат Кирил Пецакоски го делат околу 100 гласа до победа во прв круг. Кандидатот заедно со носителот на советничката листа, Сашо Донев, се на градскиот плоштад со симпатизерите и партиските поддржувачи. Освен патриотски песни, на плоштадот се вејат и партиски знамиња, знамето од Вергина и македонското знаме.

„Со среќа да ни е победата на ВМРО-ДПМНЕ. Ви кажав дека св. Климент ќе стави рака на градов и победивме со над 2000 разлика. Победивме за градоначалник, победивме на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ. Ви кажав дека 4 години се боревме заедно и дека сите ние овие четири години издржавме многу работи. Бидете горди и со кренати глави“, рече Донев.

Пецакоски ги поздрави симпатизерите и рече: „Поминаа четири години и овие избори покажаа следно, дека цел живот е кампања, дека цел живот создаваш за да добиеш поддршка. И покрај се, покрај многуте предизвици и работи кои сакавме да ги направиме а не можевме, изминаа 4 години, чесно и со крената глава ја побаравме поддршката на охриѓани и вечерва ја добивме. При крај беа пребројувањето на гласовите во сите избирачки места. Времето ќе покаже дали ќе завршиме уште вечерва или можеби за две недели, меѓутоа сакам едно да знаете, народот во Охрид, секој еден граѓанини, Македонци, Албанци, Власи, Срби и сите други, сите ја дадоа поддршката за нас“, рече Пецакоски.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска