Уапсен маж, кој го фотографирал домот на Џон Кери

Од:

Бостонската полиција уапси маж, кој ја фотографирал куќата на американскиот државен секретар Џон Кери, а во неговиот автомобил била пронајдена воздушна пушка.

Вработените од обезбедувањето на Стејт департментот ја известиле полицијата дека во зоната забранета за паркирање запрел автомобил, а мажот во него го снимал домот на Џон Кери.

Мажот му појаснил на обезбедувањето дека правел фотографии со цел да им ги покаже на пријателите. Кога бил замолен да го премести возилото, тој изјавил дека пиел алкохол. При проверка во автомобилот е пронајдена воздушна пушка и алкохол.

За време на инцидентот Кери не бил во домот, туку во болница, кај неговата сопруга, која пред една недела била хоспитализирана и е во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак