Стружанец го искинал своето гласачко ливче и го напуштил гласачкото место, полицијата го бара за да го приведе

Од:

До 19:00 часот денеска пристигнаа уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапуваше Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности.

Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен обвинител, полицијата постапува за негово пронаоѓање и приведување.

Во гостиварското обвинителство пристигната е информација за лице кое го сликало гласачкото ливче. Полицијата постапува во насока на расчистување на настанот.

Во Основното јавно обвинитeлство Кочани примено е едно известување и две кривични пријави. Поднесено е известување од политичка партија, во врска со лице кое вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место.

По поднесена пријава за лице кое вршело агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет и дадени се насоки за натамошно постапување.

Пријавено е и лице кое со возило вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место и вршело влијание врз гласачи за тоа како да го вршат нивното гласачко право. По пристигнување на кривичната пријава, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“.

Основното јавно обвинителство Кавадарци постапува за настан од избирачко место во Демир Капија. Пријавено е дека лице искинало гласачко ливче, поради што оформен е предмет за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ . Обвинителството издаде насоки за прибирање докази и комплетирање на документацијата.

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Јавното обвинителство со цел превенирање и спречување на евентуални изборни нерегуларности, денеска ги координираше постапувањата на основните јавни обвинителства по пријави за настани поврзани со изборниот процес. По дадена насока, покрај редовните дежурства, во основните јавни обвинителства беа организирани и дополнителни дежурства на јавни обвинители, кои во текот на денот остваруваа интензивна соработка со службените лица од МВР со цел проверка на наводите од доставените пријави и информации.

Вкупно во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, во Комисијата, во основните јавни обвинителства и на објавената електронска адреса за пријавување сомненија за изборни нерегуларности, пристигнаа поголем број поднесоци и пријави. По извршените проверки, засега, само во мал дел од пријавените настани се пронајдени елементи на сторени кривични дела поврзани со изборите и гласањето. Постапувањето на обвинителствата ќе продолжи до целосно расчистување на настаните и донесување на соодветни јавно обвинителски одлуки.​

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра