Гласањето и изборниот молк ќе траат до 19:30 минути, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој немаше образложение за тоа врз основа на кој член од Изборниот законик донел ваква одлука, а откако на претходната прес-конференција не знаеше да каже ниту за колку време ќе се оддолжи завршувањето на изборниот ден. На прес-конференцијата посочи дека излезноста е 49,11 проценти до 18:30 минути, а очекува таа да се зголеми за неколку проценти до затворањето на избирачките места.
„Сега ви реков дека сметаме, по консултациите, тие кои ќе гласаат ќе влезат внатре и ќе го остварат правото до 19:30 часот. Јас мислам постапувам законски. Гласањето според Изборниот законик трае до 19 часот“, рече Даштевски, прашан кој му го дал правото да одредува сам до кога ќе трае гласањето.
Тој не посочи дали за ваквата одлука има писмен изготвен записник или уредба, ниту каде е објавена.
„До 19-30 да се воздржат од активностите. Проценуваме дека гласачите ќе влезат да гласаат до 19-30 часот. До 19-30 да се воздржат медиумите, па после тоа ќе објавуваат“, рече Даштевски.
Дополнително ќе се утврдува на колку места ќе се утврдува колку места ќе бидат поништени.