Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18:30 часот е 48,96 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија.
Најголема излезност има во Македонски Брод 76, а најмала во Боговиње 27,25 отсто.
ДИК првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии треба да ги објави во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Ова се седмите локални избори од независноста, а трети на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 824 864 граѓани.