Тепачка пред основно училиште, фотографирање гласачко ливче, МВР известува за неколку прекини на гласањето

Од:

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во струшкото село Октиси, К.С.(67) од село Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.10.2021 во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во село Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во соопштението стои дека денеска во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62) од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528. Случајот се расчистува.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13.56 часот се до 14.13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

– Околу 14.04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во соопштението од МВР.

Околу 12,45 часот во СВР Скопје, се наведува, Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во Избирачкиот список им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Охрид во 14,12 часот од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. „М.Јорданоски“ во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

– На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска