Гласањето тече добро во поголемиот дел од избирачките места, но на одредени места се појавиле проблеми, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Тој извести дека до ДИК стигнале вкупно 48 приговори.
„Од она што се појавило како проблем е дека до 12.30 до ДИК се стигнати 48 приговори за заштита на избирачки права. Од нив 26 се прифатени, 4 се одбиени поради неисполнување на условите и 18 се уште во обработка“, рече претседателот Даштевски.
Приговорите Даштевски нагласи дека ќе бидат јавно објавени.