Одѕивот до 11 часот е 10,22%, највисок во Новаци 25,84 %, најнизок во Врапчиште 4,92%

Од:

До 11 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 135.906 гласачи, односно одѕивот е 10,22%. Највисок одѕив има во Новаци 25, 84 %, а следуваат Крива Паланка 20,44 %, Вевчани 18,61 %, Ловозо 17, 51 %, Кривогаштани 17,43%.

Најнизок одѕив до 11 часот имало во Врапчиште, каде според податоците кои досега стигнале во ДИК на гласање излегле 4,92 % од запишаните гласачи.

Портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугуческа извести дека гласањето тече на сите избирачки места. На одреден број избирачки места имало прекини поради проблеми со уредите за биометриска идентификација, за кои вели дека се веќе надминати.

Одѕивот до девет часот беше 3,28 отсто.

На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска