Мирно и без поголеми проблеми се одвива гласањето на избирачките места во Штип

Од:

Во 80-те избирачки места во Општина Штип гласањето тече без поголеми проблеми. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев за МИА вели дека од утринава имаат околу десеттина граѓани, на кои апаратите за отпечаток од прст не им ги препознаваат отпечатоците.

-Но, овие проблеми се решаваат на самото место и гласачите гласаат на стариот начин, односно со спреј и оставаат отпечаток од прст и на избирачкиот список. Генерално изборите течат без проблеми, вели Вацев.

Во Штип со право на глас се 42 045 граѓани

И во останатите општините Свети Николе, Пробиштип и Карбинци гласачките места се отворени на време, се гласа согласно здравствените протоколи.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска