Грчкиот премиер Самарас ги поддржува планираните кратења во државниот сектор

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас ги поддржа кратењата во државниот сектор, нагласувајќи оти тие се неопходни со цел повторно да се придвижи економијата.

Во рамките на договорот на грчката Влада со меѓународните кредитори, предвидено е намалување на бројот на припадниците на обезбедувањето во училиштата, на вработени во локалната администрација, на наставничкиот кадар и на вработените во различни министерства.

– Што преферирате да имате припадници на обезбедување во училиштата, кои не работат нешто суштински или медицински сестри во државните болници, кои се грижат за вас?, истакна Самарас во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Прото тема“.

– Можеби овие мерки се непријатни за некои луѓе, но за мене приоритет се невработените, чиј број изнесува 1,5 милиони и за кои никој не се грижи, нагласи Самарас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит