Кривична пријава за поткуп за гласови во Делчево

Од:

Во Полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан 35-годишниот Н.С. од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори, односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и 35-годишниот К.С. кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори, информира МВР.

– Известено е ОЈО Делчево и по насоки од ОЈО извршен е разговор со повеќе лица. Паричните средства во висина од 3000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ова е втор случај на поткуп на гласачи во источниот регион, на територија на СВР-Штип. Првиот беше во општината Лозово.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини