Кандидатот за канцелар на германската опозициска партија СПД, Штајнбрик ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел, тврдејќи дека во аферата за американското прислушкување ја повредила сопствената заклетва.
-Меркел во својата заклетва се заколна дека ќе го штити народот на Германија, рече Штајнбрик и додаде дека преку аферата за прислушкување, масовно се повредени основните права на граѓаните.
-Разузнавачката служба е координирана од Канцеларската служба. Тој што седи зад воланот ја носи одговорноста, не е важно дали тој е буден или спие – изјави Штајнбрик и додаде дека Меркел и нејзиниот координатор за тајни служби, Роналд Пофал направиле џиновска штета за германскиот народ.
Елена Георгиевска