ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира смена на Јовановиќ од раководната позиција на Пошта Куманово

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференција на портпаролот на опозициската СДСМ Петре Шилегов истакнува дека не се согласува со одлуката Миодраг Јовановиќ да биде поставен за в.д. раководител на Пошта Куманово.

Најавува дека во рамки на законските и институционални можности ќе покрене иницијатива за смена  на Јовановиќ од раководна позиција.

– Иако станува збор за позиција која ја извршувал пред да стане градоначалник, лицето Миодраг Јовановиќ во овој момент, според сите етички норми, не треба да ја извршува истата функција.

– ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која во овие дваесетина години покажа капацитет за кадровска обновливост и партија која постојано ја испитува подготвеноста на кадрите да ги извршуваат своите обврски.

– Таквиот принцип се надеваме дека ќе биде прифатлив и за партиите од нашата коалиција и за сите останати партии во Република Македонија, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ