Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше Кристофер Хил за нов американски амбасадор во Србија. Информацијата е објавена на сајтот на Белата куќа.
Хил своевремено беше американски амбасадор Македонија, но и претставник на САД во групата со чиј дипломатски обид на крај се финализираа преговорите за Косово во Рамбује.
Беше член и на преговарачкиот тим чии напори доведоа до Дејтонскиот мировен договор за БиХ.
Важи за добар познавач на состојбите на Балканот и одлично зборува Македонски, Српски, Полски и Француски јазик.
Хил беше амбасадор на САД, во Ирак, Кореја и Полска како и помошник државен секретар за прашања поврзани со источна Азија и Пацификот како и шеф на американската делегација во преговорите со Северна Кореја.
Хил е професор на Универзитетот Колумбија на катедрата за меѓународни и јавни работи.
Хил во Белград ќе го замени постојниот амбасадот Годфри, кој функцијата амбасадор на САД ја вршеше од ноември 2019 година.