Канческа-Милевска на снимање сцена од филмот „Лазар“

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (19:00) ќе присуствува на снимањето сцена од најновиот игран филм „Лазар“ на Светозар Ристовски. Сцената ќе се снима во Градската општа болница „8 Септември“- Ургентен центар.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, хрватскиот актер Ведран Живолиќ и Наташа Петровиќ, а во екипата се и Владо Јовановски, Тони Михајловски, актерите Красимира Кузманова и Александар Сано од Бугарија, хрватскиот актер Горан Навојец и  Александра Балмазовиќ од Словенија.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Игор Тошевски, а костимографи Катерина Колимбатовиќ и Невена Чакловиќ.

Филмот „Лазар“ финансиски е поддржан од Филмскиот Фонд на Република Македонија, од хрватскиот Аудиовизуелен центар, Националниот филмски центар на Бугарија, од СЕЕ Синема нетворк, Аризона дистрибјушн и од европскиот фонд „Еуримаж.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ