Дистрибуција на избирачкиот материјал за локалните избори

Од:

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола ќе започне со дистрибуција и доставување на доверливиот избирачки материјал до 80-те општински изборни комисии и Општинската изборна комисија на Град Скопје за локалните избори што ќе се одржат во недела.

Во доверливиот избирачки материјал спаѓаат гласачките ливчиња и посебните изводи од избирачките списоци и тие со обезбедување од полицијата, ќе се дистрибуираат до сите општински изборни комисии. Во доверлив избирачки материјал спаѓаат и уредите за биометриска идентификација, кои полни со податоци и отпечатоци од прсти на граѓаните, во петок, исто така со придружба и обезбедување на полицијата, ДИК ќе ги достави во општинските изборни комисии. Првпат на овие избори полицијата постојано ќе го обезбедува доверливиот избирачки материјал.

Недоверливиот избирачки материјал веќе се дистрибуира до ОИК, а до петок треба да завршат дополнителните обуки за претседателите и замениците на избирачките одбори за користење на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе управуваат со овие уреди.

Локалните избори ќе се одржат во недела на 17 октомври на 3480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје. Гласањето за изборите почнува во сабота, а први ќе гласаат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, во старските домови…

Првпат на овие избори идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација односно со отпечаток од прст, а на изборите, како и за претходните избори, ќе се применуваат мерки за заштита од ширење на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска