Четворица Албанци и двајца Македонци приведени, шверцувале дрога вредна 200 илјади евра

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е запленета дрога во вредност од околу 200 илјади евра.

„На 12.10.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ Југ и Единицата за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции, во полициска акција, беа лишени од слобода 6 лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра.

Имено, на 12.10.2021 во попладевните часови од страна на полициските службеници во непосредна близина на Граничен премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле лишени од слобода Л.М.(44) и А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Република Северна Македонија.

Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од лобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево.

Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски