Повеќе сообраќајни казни во Тиквешијата годинава, помалку несреќи и жртви

Од:

Повеќе сообраќајни казни во Тиквешијата за првите шест месеци годинава, во споредба со истиот период лани. Од друга страна, евидентирани се помалку сообраќајки и нема ниту една жртва во сообраќајни несреќи во првата половина од годината, изјави денеска за МИА, портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Најмногу санкции има за брзо возење. Првите шест месеци има 3.240, од кои 1.066 во Кавадарци, а 2.174 во Неготино. За споредба, лани истиот период имало 13 во Кавадарци и 130 во Неготино. За неправилно престигнување лани имало вкупно четири санкции, а оваа година 31, од оваа бројка 16 во Кавадарци, 15 во Неготино. Во првите шест месеци во 2020 санкционирани се 20 моторцикли, од кои 15 на територијата на Неготино. Во 2021 истиот период санкционирани се 76 лица, од кои 49 во Кавадарци, појасни Додевски за МИА.

Има зголемување и на бројот на санкции кај пешаците во Тиквешкиот регион.

– Бројката минатата година е 26, а сега 65 пешаци кои ги прекршиле сообраќајните правила. Лани повеќе пешаци се санкционирани во Неготино – 21, а сега во Кавадарци се регистрирани 38 пешаци од вкупната бројка, рече Додевски.

Сообраќајните незгоди оваа година се намалени. За првите шест месеци годинава регистрирани 129, за разлика од 191 во 2020 година.

– На територијата на Кавадарци се регистрирани повеќе сообраќајни несреќи. Во 2020 имало 142, а сега регистрирани се 80 сообраќајни незгоди. Со тешки телесни повреди во 2020 се регистрирани 38 случаи, а во 2021 евидентирани се 42 случаи. Во Неготино и лани и сега имало 49 сообраќајни незгоди, со тешки телесни повреди лани имало 25, а сега 27 случаи. Жртви на сообрајќни несреќи за првите шест месеци годинава не се регистрирани. Истиот период во 2020 имало четири жртви, сите на територијата на Кавадарци, рече Додевски.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он