Протест против новото решение и цените за паркинг во Охрид

Од:

Стотина граѓани на Охрид, помеѓу кои и партиски членови на владеачката ВМРО- ДПМНЕ, директори на јавни институции, протестираа во центарот на Охрид пред главната наплатна рампа во знак на револт како што изјавија „на одлуката на градските власти речиси целиот град да го претвори во место за паркирање“. Исто така реагираат и на високите цени за паркирање кои изнесуваат 50 денари од час.

„Ако не се реши ова прашање ќе преземеме поригорозни мерки. Ќе го блокираме стариот дел на градот, па нека ги носат туристите како што мислат. Нема логика цел град да биде паркинг за наплата. Многу пати сме реагирале на овој хаос. Ние како жители на стариот дел на градот сме заложници и постојано сме како туристи во нашиот град. Луѓето кои живеат во зградите немаат каде да паркираат и мислиме дека не треба да им се наплаќа по овие енормно виско цени. Можеме да се договриме со локалната власт, но тие не може да се газди на сето ова“, рече Петар Бачевски жител на Охрид.

„Како претставник од институциите од културата овде во Охрид , можам да кажам дека навистина имаме проблем со паркирањето. Нашите вработени немаат никаков пристап до работните места. Немаме каде да паркираме, а 50 денари е час. Замислете на работа сме по 8 часови, а некогаш и повеќе треба да платиме и 400 и повеќе денари само за паркирање. Треба да се најде некое разумно решение“ изјави Драгана Боцевска, директор на Центар за кулутра „Григор Прличев“ во Охрид.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид