Чешката полиција, синоќа уапсила околу 60 учесници во антиромските протести во чешкиот град Ческе Будејовице, во северозападниот дел на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
Според полицијата, околу 300 демонстранти биле спречени да влезат во ромската населба „Мај“, каде и претходните два викенда имаше судир меѓу антиромски радикали и полицијата, при што беа приведени повеќе од сто лица, а десетина беа повредени.
Меѓуетничките тензии и протести траат од 21 јуни, по масовна тепачка на детско игралиште во која учествувале повеќе од сто возрасни луѓе и кога десетина лица беа сериозни повредени.
И во околните места, локалното население неколкупати организираше демонстрации откако кон крајот на мај, неколку Роми без причина нападнале и брутално претепале брачен пар на улица.