Асоцијацијата за е-трговија: Повик за поддршка на агро производителите за онлајн продажба на нивните производи

Од:

Македонските агро производители ќе добијат можност бесплатно да ги усовршат нивните дигитални вештини, но и да научат како подобро да ги пласираат своите производи на домашните веб платформи за е-трговија, преку јавниот повик кој го објави Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Како што се наведува во соопштението, оваа активност е дел од иницијативата „Agri E-commerce” којa е поддржанa од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а се спроведува од страна на АЕТМ.

Целта на јавниот повик е поддршка на локалните агро производители кои сакаат да ги пласираат своите производи надвор од својата локална околина и сакаат да започнат со нивна продажба со помош на е-трговијата. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се вклучува во напорите за подигнување на свеста за бенефитите од е-трговијата и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја.

– Нашата цел е да мотивираме повеќе агро производители да ги зголемат своите дигитални вештини и да ја искористат е-трговијата како дополнителен продажен канал на своите производи, кој ќе им овозможи да ја зголемат својата продажба и дигитално присуство, велат од АЕТМ.

Јавниот повик е отворен за сите агро производители кои сакаат да ги пласираат своите производи на најпознатите домашни веб платформи за е-трговија, се регистрирани согласно законите во РСМ и ги исполнуваат условите објавени на веб страницата на Асоцијацијата – https://ecommerce.mk/agri-ecommerce/.

Одбраните апликанти треба активно да ги следат обуките за развој на дигиталните вештини во времетрање од еден месец, како и насоките на тимот на АЕТМ кој ќе ги води низ процесот за поврзување со домашните платформи за е-трговија.

Аплицирањето на јавниот повик, кое се одвива онлајн на веб страницата на АЕТМ, трае до 20 октомври, по што ќе следи евалуацијата на апликациите од страна на комисија составена од експерти во областа.

Би можело да ве интересира

Македонците во странство потрошиле пола милијарда евра, онлајн најмногу се купува на „Букинг“ и „Виз Ер“

A1on

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

A1on

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска