Санкционирани 166 возачи во Скопје, 31 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираа од МВР и додадоа дека само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31, 20 санкции за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се 11 санкции за користење мобилен телефон, осум за непрописно престројување, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 мерка за непрописно паркирање, информираат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и понатаму, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава