Зеленски: Украина и е благодарна на ЕУ за континуираните рестриктивни мерки против Русија

Од:

Украина и е благодарна на Европската унија за континуираните рестриктивни мерки против Русија, но крајно време е за заострување на санкциите, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски по 23. самит ЕУ-Украина во Киев.

-Едно од важните прашања на состанокот беше координацијата со ЕУ со цел мирно решавање на кризата во Донбас. Се согласуваме дека Русија е целосно одговорна страна во кризата, рече Зеленски на прес -конференција по самитот, што ја оддржа заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе Анадолија.

Зеленски додаде дека „ниту кршењето на човековите права на Крим не може да се игнорира“, а одлуката на ЕУ да воведе санкции против осум лица поради загрозување на украинската територија е важен чекор во тој поглед.

-„Северен тек 2“, исто така, предизвикува нови проблеми. Треба да дефинираме заедничка визија со Европа во областа на енергетската безбедност. Се договоривме да почнеме дијалог на високо ниво со ЕУ во областа на енергетиката, рече Зеленски.

Изразувајќи благодарност до Европската комисија за вториот пакет помош од 600 милиони евра, Зеленски рече дека таа е многу важна за макроекономската стабилност на Украина.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање