Шилегов до СКСМ: Светската пандемија не ги запре нашите инвестиции, продолжуваме да ја развиваме уличната инфраструктура

Од:

Денес, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре Шилегов, оствари средба со претставници на Сојузот на стопански комори, на која се разговараше за економските предизвици во време на КОВИД 19 пандемија.

Светската пандемија не ги запре инфраструктурните и градежни активности на Град Скопје, напротив тие продолжија со засилено темпо. Одличните финансиски резултати на градот пред почетокот на пандемијата овозможија да нема рестрикции во планираната изградба и реконструкција на градската инфраструктура.

Град Скопје донесе неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата, со откажувањето од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси, закупот на јавен простор итн.

„Овие мерки ги спроведовме со цел да ослободиме повеќе пари во економијата, инвестирајќи најмногу во домашниот градежен сектор кој е одговорен за голем број вработени и учествува со сериозен дел во БДП на Република Северна Македонија. Сакаме да ги сочуваме сите работни места во десетиците стопански гранки кои ги обединува градежништвото“, изјави Шилегов на средбата.

Развојот на сообраќајната инфраструктура во градот нема и не смее да запре. Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај за нашите граѓани. На тој начин директно се придонесува за намалување на економската криза, не само во Скопје, туку и во целата држава.

Ова го правиме за доброто на сите нас, додаде Шилегов. Кризата ќе помине, животот продолжува. Чекор по чекор градот ќе продолжи да се развива.

„Стопанските субјекти во Град Скопје секогаш ќе имаат бизнис партнер, подготвен да излезе во пресрет на нивните барања, бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка можеме полесно да се справиме со претстојните економски предизвици, но и заеднички да работиме на зајакнување на целокупната економија и креирање оптимална бизнис клима во Скопје“, заклучи Шилегов.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска