СВР Битола презеде мерки за расчистување на случај на неовластено снимање на кандидат за член на Совeтот на Општина Битола.
Од секторот за односи со јавност на СВР Битола информираат дека кандидат за советник во Општина Битола на претстојните локални избори пријавил дека синоќа околу 20:45 часот, во моментот кога застанал со возило на улица „Дебарска“ во Битола, во кое биле неговата сопруга и деца, едно лице неовластено ги снимало, по што подоцна снимките биле дистрибуирани и прикажани на повеќе портали, социјални мрежи и телевизиски куќи.
СВР Битола презема мерки за расчистување на случајот со неовластено снимање на кандидатот за член на Советот на Општина Битола.